Football
Футбал - игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да ја додели на другиот тим. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.
Улога на играчите
- одбранбен играч- чија главна цел е одбрана на својот гол. Одбранбениот играч често се покрива или следи еден противнички играч во текот на целата игра. Одбранбените играчи често мораат решително да им се фрлат во нозете на противниците за да дојдат до топката.
- средишен играч - чија главна цел е поврзување на одбраната со нападот. Во зависност од самиот натпревар, средишните играчи имаат и други улоги. Тие се всушност најчесто креаторите на играта.
- напаѓач - чија главна цел му е постигнување на гол во противничката мрежа.
- голман - кој основна цел му е да ја брани својата мрежа од противниците. Голманот може да ја допира топката со раце, но само во својот казнен простор. Истотака, не му е дозволено со раце да ја фаќа топката која му ја вратил својот соиграч.
Правила:
- Црвен картон се доделува на натпреварувач кој:
имал еден жолт картон и повторно направил некој прекршок
неспортско однесување( удирање на соиграч, судија, тренер...)
намерно фаќање на топката со рака...
- Аут е фудбалски термин кој претставува враќање на топката во игра по нејзиното излегување надвор од дозволениот простор. Топката треба да биде уфрлена од местото каде и била изнесена. Се изведува со двете раце на играчот со одредени правила
- Корнер обично се изведува при напуштање на топката на крајната гол линија од страна на противничкиот играч
- Пенал Ударот се исполнува од специјално определена точка во казнениот простор, кој се наоѓа на 11 метри од голманот. По време на изполнувањето, сите натпреварувачи без голманот и оној кој ќе го изведе казнениот удар треба да се наоѓаат надвор од казнетиот простор. Голманот е застанат на гол линијата. Пеналот се изведува со даден сигнал од судијата.

Comments
Post a Comment